Мицкоски: Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април

„А ќе успееме кога Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот“, изјави денес во Драчево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Почитувани драчевчани со силна економија, Македонија економски тигар на Балканот, технолошки гигант и џин на Балканот, Македонија со реформирано образование, Македонија со реформирано и силно здравство со мотивирани доктори и медицински персонал, Македонија каде што правосудството ќе обвинува и ќе суди по закон каде што ќе бидат ослободени од политички стеги и притисоци. Македонија каде што луѓето ќе се чувствуваат како Македонци без да се срамат да кажат дека се Македонци и гордо со крената глава достоинствено ќе се исправат и ќе кажат, да ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик.

Сите оние кои што ви велат дека е тоа невозможно, сите кои ви велат дека не можеме да успееме и како народ и како држава, сите тие се жртви на лошата и погрешна пропаганда на Зоран Заев и СДСМ. Јас стојам пред вас и ви велам и ви ветувам, заедно за неколку месеци од сега од овој ден, народот и најголемата коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Зоран

Заев и СДСМ и ќе го прати во политичка пензија, а потоа сите оние кои се огрешиле пред законите, сите оние кои се осрамотиле пред вас граѓаните, пред нас граѓаните, ќе одговараат од прв до последен“, истакна Мицкоски.

„За сиот арамилук и за целата корупција која што денес е опсипана со канџите на октоподот, а главата на октоподот шета низ Македонија и денеска е во Прилеп и сее празна слама и ветува нешто кое повторно ќе го рецитира исто како што го рецитираше пред три, четири, пет години за пуста власт, за пусти пари и за пуста фотелја. 12-ти април лето Господово 2020 година се обединува народот во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција. Доаѓа обновата на Македонија“ изјави Мицкоски.

Според него за разлика од СДСМ кои се колнеле во Белград и Москва од ВМРО-ДПМНЕ, секогаш биле за Европската Унија

„Ја претворија иднината на оваа држава иднината на граѓаните во сопствен приватен бизнис. Ја претворија државата во пашалук. На малкумина љубители и обожаватели на ликот и делото на Зоран Заев. Битката за Европската Унија основната цел која што беше на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното формирање јуни деведесетата година кога овие од СДСМ југоносталгичарите уште се колнеа во Белград и Москва ние бевме тие кои велевме дека нашата иднина е Европската Унија и Брисел тоа се луѓето кои што сакаат денеска да ја приватизираат иднината на нашиот народ иднината на граѓаните на Македонија.

И денеска европската иднина се претвори во политичко да се биде да или не на Зоран Заев, не драги мои драчевчани не е тоа вистината, Зоран Заев одамна нема да го биде. Не треба никој од нас да биде среќен зошто ние добивме не во Брисел. Треба да сме сите тажни добивме не поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани. Затоа добивме не, се останато е едно големо да, затоа што ние сме граѓани на Европа ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина затоа доаѓа обновата на Македонија и загарантирана европска иднина за сите граѓани на Македонија бидејќи сите вие сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ. 

Да си го чуваме и градиме, и зголемуваме ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ е генот. ВМРО-ДПМНЕ е срцето и душата на Македонецот. Без оние метафизички, помалку комични објаснувања за срцето, душата и петата на Зоран Заев. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април 2020-тата година“, изјави Мицкоски.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе