Мицкоски: Е каде се парите? Не може струјата да поскапува само заради јавното осветлување

Покрај досегашните 30 проценти од 1 јули граѓаните ќе плаќаат за повеќе од 10 отсто поскапа струја, а причина за тоа е што багерите на на РЕК Битола не ископуваат јаглен поради поплава, потоа цената на уличното осветлување и помалото производство на електрична енергија, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција пред партиското седиште.

„Главната и суштинска работа зошто го споменувам уличното осветлување е вчера лиферуваниот податок дека општините преку уличното осветлување потрошиле 30 милиони денари“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа е 1,32 проценти од вкупно потрошената струја за 2021 година.

Математички, според него, е невозможно струјата да поскапе 10 проценти ако само уделот на јавното осветлување е десетократно помал.

„Е сега каде се парите? Од истиот тој извештај на Регулаторната комисија за 2021 година можете да забележите дека во 2021 година се произведени од страна на ЕЛЕМ 3,17 тераватчасови електрична енергија, а само две две години претходно во 2019 година 4,25 тераватчасови електрична енергија. Што значи ЕЛЕМ наместо да произведува односно на тие што го водат приоритет им се договори во четири очи“, изјави Мицкоски.

Според него, разликата во пари во производството на струја изнесува 250 милиони евра.

Решението на ВМРО-ДПМНЕ за проблемот со зголемување на сметките за електричната енергија е земјата да се врати на производството на струја од 2019 година.

„Да се вратиме најмалку на производството од 2019 година и тоа ќе го направиме за шест месеци. Ова денеска што се случува е минус 250 милиони евра“, рече Мицковски и повторно ги повика граѓаните да се приклучат на нивниот протест на 18 јуни за што детали најави наскоро.

„Очекуваме општествена и политичка поддршка. Повикани се сите граѓани, политички и општествени субјекти да излезат и да ни се придружат“, додаде Мицкоски.

Тој уште еднаш порача дека предвремени избори треба да има, повикувајќи се на резултати од теренски анкети што, според него, покажуваат дека луѓето сакаат предвремени избори.

 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе