Љубљана

Мицкоски: Две земји членки на ЕУ не сакаат да има рок кога Западен Балкан би се евроинтегрирал

Една земја членка на ЕУ предложила да се даде краен рок, конкретен датум кога земјите од Западен Балкан би станале членки на Европската Унија, но две други земји, овој предлог не го прифатиле. Ова денеска го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој присуствува на самитот на ЕПП во Словенија. Две земји членки не прифатиле тоа да биде дел од заклучоците на утрешниот Самит во Брдо, изјави Мицкоски од маргините на денешната средба на лидерите европските конзервативни партии во Љубљана.

„Очекувам недвосмислена целосна поддршка за интеграција на Западниот Балкан во рамките на ЕУ и јасна европска перспектива за земјите од регионот. Тоа што две земји членки на ЕУ не го прифатиле предлогот за конкретен датум кога Западен Балкан би требало да се интегрира во ЕУ и тоа да биде дел од заклучоците на утрешниот самит на ЕУ посветен на Западен Балкан, ја доведува во прашање недвосмислената европска перспектива на земјите од Западен Балкан“, истакна Мицкоски од Љубљана.

Тој нагласи дека Европската народна партија, „најголемото политичко семејство во Европа стои цврсто на ставот дека иднината на земјите од Западен Балкан е во рамките на ЕУ“.

Радио слободна Европа денеска објави детали од декларацијата што треба да биде усвоена на самитот во Брдо, Словенија. Според РСЕ, декларацијата што ќе биде ставена на маса на Самитот во Брдо, покрај поддршката за интеграциите, содржи и ригорозни услови, исполнување на договорите за решавање билатерални проблеми, како и поддршка за борба со пандемијата, криминалот, корупцијата, тероризмот.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе