ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Државата да покрие 50% од трошоците за секој вработен

Владата мора да прифати економски мерки за да се спасат бизнисите, вработените да ја задржат работата, и да се покрие дупката што ќе настане во буџетот за да може истиот да ја задржи ликвидноста, изјави вечерва во интервју за ТВ Сител претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој уште еднаш повтори дека предложените мерки на Владатра се навредливи.

„Ни треба акција во економијата, не шминка. Секој ден апелираме веќе седум, осум дена, секојдневното чекање подразбира повеќе трошок за граѓаните, повисока камата на парите“, вели Мицкоски.

Од денеска 12 илјади луѓе во две фабрики остануваат на годишен одмор. Илјадници граѓани се вработени во секторот транспорт, туризам, угостителство...

„Државата треба веднаш да покрие 50% од трошоците за секој еден вработен, како плати така и придонеси, но и замрзнување на ратите кон банките и заемодавателите, за да може да се спасат бизнисите, но и да се задржат вработените во Македонија.  Зборуваме и за плати и за придонеси, да почувствуваат сопствениците на бизниси дека некој застанал рамо до рамо со нив, затоа што тој како сопственик на бизнис наместо да стави клуч на врата и да ги испушти вработените, претпоставувам има некакви залихи, и ќе живеат пристојно. Но што со вработените, ќе помине пандемијата, и тие ќе ја напуштат државата и многу тешко ние ќе можеме бизнисот да го рестартираме. Затоа тој мора како човек кој е сопственик на бизнис да почувствува дека државата размислува заедно со него и е подготвена да сноси 50% од ризикот“, потенцираше Мицкоски и повика дека е потребна робусна акција, да се санираат штетите во буџетот од намалениот приход од ДДВ бидејќи потрошувачката е намалена...

Тој посочи дека понудиле да се направи тим во кој што ги предложиле техничкиот заменик министер Гордана Димитриеска Кочоска и професорот, член на Извршниот комитет, професорот Трајко Славевски да бидат дел од тој тим кој оперативно ќе го спроведе задолжувањето и ќе врши надзор како се трошат тие пари и дали стигаат до бизнисот.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе