Мицкоски до Заев: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, истакнува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.

Та нели се беше во главата на вморвците?

Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.

„Заев е проблемот, а народот е одговорот“, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил!

Инаку и вечерва пред Министерството за правда беше оргнизаиран протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја. 

„Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров,  сега зајакнати со Бучковски ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот. На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов“, рече Пандов.

Тој посочи дека токму поради овие причини народот е пред е на улиците, тука пред Министерство за правда, пред МНР, пред Влада, и додаде „ќе не има и во 20 градови.

„Ве повикувам до паѓањето на оваа хунта, до паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците. И на Заев му е јасно дека крајот му се ближи“, кажа Пандов.

Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое обраќање на протестот побара оставка од Зоран Заев и упати прашање кон Заев дали знае зошто Владата на Македонија е токму на Булеварот Илинден?

„Зоране Заев не сум дојден тука да те мавам, тука сум дојден да ти кажам оди си. Готов си. Ова е последна твоја ол-ин игра, ова е последната рака на неукиот коцкар кој што влета во крвава игра, македонскиот народ да го претвори во вештачка нација.Не постои народ особено не на Балканот чија што етничка карта се поклопува со политичката мапа на државата.Народ без свое малцинство во соседството, е токму тоа, вештачка нација, и по тоа тргна. Зоран Заев по стотина години повторно ги оддели македонските семејства, брат од брат, потпиша договор со кој што македонците повеќе немаат роднини во егејот, преговара македонците повеќе да немаат роднини во Бугарија. Дозволи да бидат побугарчени македонците од Мала Преспа од Корча од Гора во Албанија.

Заев го прави она што ниеден окупатор не успеал да го направи. Да ја одземе слободата, јазикот, да ја одземе историјата, да го одземе правото на самоопределување.Епа Зоране Заев нема да успееш ниту ти.Не постои народ чиишто политичар тргнал со обвинувања за својата земја, само за Зоран Заев Македонија и македонците се виновни за се. Не постои политичар на светот чија што рака ставерна на срце е рака која што го подели сопствениот народ.Не постои политичар во светот кој што го обезличил својот народ да му го забрани името“  нагласи Стоилковски.

Стоилковски од протестот му порача на Зоран Заев дека е лош коцкар на кого му лепи раката.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се собрани пред МНР затоа што треба да си го зачуваме идентитетот затоа што на власта не и гајле за тоа.

„Човек кој нема идентитет не може да го зачува идентитетот на македонците. Видете му го идентитетот на Никола Димитров и се ќе ви стане јасно зошто не може да го зачуваат идентитетот на македонскиот народ. Токму така затоа сме тука за сами да си го зачуваме идентитетот затоа што на нив не им е гајле. Само им е важна фотелјата, бизнисот и ништо друго. Видете им ја историјата на овие политичари кои што во моментов преговараат со Република Бугарија и се ќе ви стане јасно. Видете му ја историјата на Зоран Заев, и што има тој направено криминал, криминал и само криминал, човек со таква историја не може да ја одбрани историјата на Република Македонија затоа не им е важен ниту Гоце Делчев, ниту Раде Јовчевски Корчагин, ниту Питу Гули“, истакна Арсовски.

Арсовски во своето обраќање посочи дека со назначувањето на Владо Бучковски за специјален претставник на Република Македонија нема ништо да реши и не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија

„Овие луѓе само го продлабочуваат проблемот. Сега откако назначија уште еден специјален претставник на Република Македонија за преговарање верувајте дека уште повеќе нема ништо да се реши. Значи не може таков човек да биде специјален претставник на Македонија. Тој да сакам имал шанса и ќе го решел тоа од 2006 година“, изјави Арсовски.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе