Локални избори

Мицкоски до Заев: Не е храброст да се направи глупост и да се смени името

Овие од власта како тргнале по забрзана патека нѐ водат во бездната, да не потсетат како беше во времето на транзицијата. На 17 октомври треба гласно да зборуваме и да покажеме дека тој пат нема заеднички да го одиме, туку ќе одиме кон патот на иднината, чесноста и честитоста. Патот на криминалот и корупцијата која што го нуди оваа Влада да го заборавиме, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кавадараци. 

Обраќајќи се пред граѓаните на Кавадарци, тој рече дека треба заеднички да се гради патриотизмот на 21 век, тоа е модерен обединувачки патриотизам и додаде дека заедничкиот патриотизам е да се победи заедничката мака, да се создаде заедничка иднина.

„Да покажеме дека политичарите кога се во Владата и во институциите не ги поседуваат гласовите на граѓаните во џебот, туку треба макотрпно деноноќно да работат, да бидат слуги на тој народ, и таа поддршка да ја заслужат”, рече Мицкоски.

Според него, заеднички патриотизам е да се биде без предрасуди, да се победи криминалот, корупцијата и неправдите.

„Сето ова го има во програмите на идните градоначалници. Повеќе од 14.835 проекти од различни области, од различни сфери, за различни потреби на граѓаните, решенија на реалните потреби, суштинските потреби на граѓаните. Таму ќе најдете реконструирани 2.000 нови улици, ќе најдете 100 градинки, 150 училишта, 150 нови паркови, инвестиции во животната средина,  и градба на нови 60-тина објекти на културата и реновирање на истите, 90 спортски сали за младите, гасификација”, нагласи Мицкоски.

Во однос на промената на името  на Македонија, рече дека Заев предавството го објаснува како храбар чин и му порача на Заев дека не е храброст да направи глупост и да се сети зошто никој пред него не го направи тоа.

„Не е храброст да направиш глупост од која ќе страдаат народот и државата, но Заев не ја знае разликата.  Со реченицата дека ниеден челник немал храброст да го реши спорот значи дека Заев ги обвини Глигоров, Црвенковски и останатите дека немале храброст да го предадат најскапоценото, македонското достоинство и името. Епа Заев сети се зошто никој не го потпиша тоа што ти го потпишуваше”, порача Мицкоски.

За него, претстојните локални избори се избори на кои се одлучува во каков правец ќе продолжи нашата Македонија и, иако не се се парламентарни, се многу важен тест каква порака гласачите ќе испратат. 

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе