Дуел

Мицкоски до Заев: Единствен аболициран политичар сте вие

Во вечерашниот дуел на „Само вистина” на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е срамно тоа што во моментот се случува со правдата во Република Македонија.

„Одредени обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста. Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Единствен аболициран криминалец во оваа држава е Зоран Заев. Иако попусто сакате да им го закачите тој епитет на луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сепак треба да сте свесни дека единствен аболициран криминалец сте Вие г-дине Заев”, истакна Мицкоски.

„Матрицата на СДСМ и Зоран Заев е истата од пред неколку години. Единствено нешто кое константно го зборуваат е г-динот Груевски кој скоро 5 години не е премиер во државата и бараат алиби за своите неуспеси позади ликот на човек кој воопшто не е во државата. Зарем не е лицемерно да се зборува за човек во чиј Мерцедес се возите и за кој бескрупулозно ја лажевте јавноста дека не го користите возилото“, нагласи Мицкоски.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе