Претставникот на Бундестагот на средба со врвот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до Сарацин: Францускиот предлог е неприфатлив

Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на францускиот предлог кој Владата очигледно веќе го прифатила, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за содржината на разговорите со високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин., кој е денеска во Скопје.

„На средбата се дискутираше за актуелните политички состојби во Македонија во врска со пристапувањето кон Европската Унија.

Ги истакнав позициите на ВМРО-ДПМНЕ за неприфатливоста на овој предлог кој владата очигледно веќе го прифатила. За нас е недозволиво историјата, јазикот и идентитетот да останат заложник на бугарските негаторски интереси. Преговорите за вклучување на Македонија во ЕУ треба да бидат врз основа на Копенхагенските критериуми, и не смее да се дозволи билатерални прашања да го оптоваруваат пристапувањето.“, вели преку кусо партиско соопштение лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе