Мицкоски до Ромео: Власта е неспособна, ВМРО-ДПМНЕ има јасни и конкретни политики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретнал со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, со кого разговарале за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

На средбата на која присуствувал и потпретседателот на партијата Александар Николоски, Мицкоски кажал дека поради пандемијата од ковид-19  државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки за да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Како што соопштија од партијата, Мицкоски рекол дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Исто така, укажал дека власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија”, изјавил тој.

 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе