Мицкоски до Мас: Со оваа Влада евроагендата завршува во слепа улица

Претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на Владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт. Со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ претставува врвен стратешки интерес на Република Македонија.

Ова денеска на министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас му го кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На средбата присуствуваа и потпретседателот Владо Мисајловски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

Мицкоски посочи дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

„Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата. Во Германија гледаме искрен и силен сојузник. Посготвени сме за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда“, рекол Мицкоски, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе