Мицкоски до Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ е победникот кај Македонците, а не СДСМ

За формирање нова влада ќе преговарам со партијата која победила во македонскиот блок, ми рече Али Ахмети на минатонеделната едночасовна средба во Собранието. Јас не се согласив со ставот на Ахмети и му реков дека партијата што убедливо победила кај Македонците е ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да преговара од позиција на диктати и условувања. ВМРО-ДПМНЕ коалиција ќе направи врз основа на програма“, изјави Мицкоски.

Во однос на можноста за нови парламентарни избори наесен, Мицкоски цени дека сѐ уште постојат можности за формирање влада, но доколку тие се исцрпат тогаш, како што вели, може да се разговара за нови избори.

„Не се сите можности исцрпени, мислам дека сѐ уште постојат можности за формирање политичка влада, доколку и тие се исцрпат, тогаш може да зборуваме за нови избори“, рече Мицкоски.

Прашан во однос на пресметката со бројот на пратениците и зошто смета дека неговата партија е победник на изборите, Мицкоски рече дека тоа е затоа што, според него, „ВМРО-ДПМНЕ има 40 пратеници, а СДСМ има 32“.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во рамките на Парламентот по неговата верификација на мандатите на пратеници има 40 на број, а СДСМ има 32. Коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ има 44, а коалицијата која ја предводи СДСМ има 42. Доколку ги гледаме бројките што ги споредува СДСМ заедно со нивниот коалициски партнер БЕСА е 46. Тоа е исто како сега ние на нашите 44 да додадеме определена друга бројка на определени други пратеници од друга политичка партија и да речеме заедно со овие имаме повеќе од СДСМ. Партијата која е легитимна и кредибилен претставник на македонскиот народ, на Македонците во рамки на Собранието е ВМРО-ДПМНЕ со најголем број пратеници и тоа се 40“, заклучи Мицкоски.

Тој денеска се осврна на последната одлука за поскапување на струјата.

„За да не поскапи цената на електричната енергија потребно е само да се намали маржата на универзалниот снабдувач која изнесува 11,5 отсто. Во повеќе наврати укажував дека цената на електричната енергија со либерализацијата на пазарот ќе се покачува. Цената на електричната енергија се формира на начин на кој енергетските компании наплатуваат за својата услуга. Тука мислам на државните МЕПСО, МЕМО и ЕСМ која ја продава струјата на универзалниот снабдувач ЕВН Македонија. Тука е маржата која ја наплатува универзалниот снабдувач. Маржата која ја наплаќа универзалниот снабдувач – замислете го победил тогашниот државен ЕЛЕМ со пониска маржа и таа изнесува 11,5 проценти. Значи вкупната сума на пари што ја плаќаат граѓаните за тарифите на државите компании се зголемува за цели 11,5 проценти и тоа на крајот од годината во 2019 година предизвикало ЕВН Македонија да има профит поголем од две милијарди денари или околу 35 милиони евра. Еве начин како да се намали цената на електричната енергија, односно да не се поскапи – само треба да се намали маржата на универзалниот снабдувач“, рече Мицкоски.

Според него, македонските граѓани и домашните компании плаќаат маржа која е историски највисока во Европа и неспроедлива со многу побогати држави, а Владата е доминантен сопственик во МЕПСО и ЕСМ. 

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе