Прес-конференција по акцијата за 27 април

Мицкоски: Деспотот Заев апси врз основа на изјава на сомнителни лица

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ вечерва излезе на прес-конференција како реакција на апсењето на, како што соопштуваат од Обвинителството за гонење на организиран криминал, организаторите за настаните од 27 април. Мицкоски рече дека ова апсење се прави со цел да не се зборува за партиските вработувања, за вакцините на Венко Филипче, за тендерите на Вице Заев и му порача на премиерот дека е готов и поразен и дека бадијала сеел страв кај народот.

„Денес стана јасно прво дека СДСМ предводен од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики им следува пат, и на претседателски и на предвремени парламентарни избори. Свесни се за тоа, дека на граѓаните им е преку глава од забеганоста на власта. Тие сега внесуваат страв во општеството и институциите на чие цело е деспотот Заев. Затоа апси врз основа на рекла-кажала муабет, врз основа на изјави на сомнителни лица. Заев, запамети дека не ти се плашиме. Ова што го правиш е лудило, ама ние сме спремни да поднесеме жртва. Заев, можеш да апсиш, да нарачуваш убиства, ама готов си. Апсат за да не се збори за тендерите на Вице Заев, за вакцините на Филипче... Единствен модус да се стави крај на оваа игра со човечки судбини, е да го поразиме на претседателските избори. Овде не е проблем ниту Спире, ниту Миле, Груевски, Вељаноски, овде е проблем деспотот Заев. Со вакво Кацарска судство и Рускоска обвинителство нема напредок. Заев нема бегање од пораз, Македонија е на нозе и ќе ти врати за сите неправди кои и ги направи", изјави Мицкоски на прес-конференцијата.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе