Мицкоски денеска ја имаше првата средба со рускиот амбасадор Баздникин

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во амбасадата на Руската Федерација во Македонија ја имаше првата средба со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

На својот фејсбук-профил Мицкоски напиша дека денеска остварил повеќе билатерални средби, со директорот на ИРИ за Европа, Пол Мекарти, со регионалниот директор на НДИ, Роберт Бенџамин како и со рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

„Теми на средбите беа актуелните политички случувања во државата, претстојните предвремени парламентарни избори и македонската евроатлантска перспектива.

Потенцирав дека интеграцијата на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија е клучна стратешка определба на партијата, но и на државата.

Посочив дека по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на суштински реформи на полето на правосудство, образованието, здравството и закрепнување на економијата, со цел доближување на нашата држава до европските стандарди кон кои се стреми.

Истакнав дека реформите во правосудството се од исклучителна важност и мора да се стави крај на криминалот и корупцијата кои се рак рана на македонското општество, а се синоним за владеењето на актуелната власт предводена од СДСМ“, напиша Мицкоски.

Сергеј Базникин е амбасадорр во Македонија од септември 2018 година.

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе