„Заев ѝ нанесе срам на државата“

Мицкоски: Денес е црн петок, од партијата се исклучени пратениците што гласаа „за“

Десетина минути по полноќ од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ се обрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој изјави денеска денес е најтежок ден во историјата на Република Македонија, дека на овој „црн петок“ се менува лицето на Македонија, а со тоа и историјата и личните документи.

„Ова е силување на процедурите, срамно дело кое ќе се памети. Заев нанесе срам на државата. Таа е во тешка ситуација поради ваквата власт. ВМРО-ДПМНЕ нема да се откаже од членството во ЕУ и НАТО. Најголемиот непријател на европските вредности е Зоран Заев. Договорот е параван за криминалот што не престанува. Затоа со кршење на демократијата го направија ова. Имам обврска да се спротивставам на ова. Не се откажувам од избори на кои сигурно ќе победиме, а Заев ќе ја добие заслужената казна.

Осумте пратеници што гласале за уставните промени, Мицкоски изјави дека ги исклучил од партијата.

,,Ниту ги сфаќам, ниту можам да ги разберам“, рече Мицкоски, на прес конференција , и објави дека седумте пратеници што гласаа за уставни измени се исклучени од партијата.

Тој ги прочита имињата на Елизабета Канческа Милевска, Емилија Александрова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска Старова, Љубен Арнаудов и Зеќир Рамчиловиќ и рече дека сега тие ќе мора да живеат со овој срам.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе