Warning: array_key_exists() expects parameter 2 to be array, null given in theme_image_formatter() (line 605 of /home/mkd/public_html/modules/image/image.field.inc).
Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Делчев е нашата тврдина, не отстапуваме ни педа

Делчев е нашиот последен бастион, нашата тврдина. Нема да отстапиме ниту милиметар од Делчев, истакна вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНE, на протестот „За ЕУ, за Македонија, за Гоце Делчев".

 

Тој нагласи дека Делчев е црвената линија на нашето достоинство и идентитет, столбот на нашето постоење како народ, нагласувајќи дека го има и во химната.

„Народот е најважен затоа што народот е државата, а не смееме да и дозволиме на власта да станеме територија, а не држава.

Протестираме, затоа што Делчев е и европска вредност, затоа што неговата идеја за слобода и културно издигнување на еден народ е идеја врз која почива и Европската Унија. А нашата иднина е токму таму во Европската унија“, истакна Мицкоски.

„СДСМ предводено од Зоран Заев не е за Европската Унија, затоа што тој е се што е спротивно од она што претставува европска вредност.

Заев е против Европската унија затоа што таму нема обвинители коишто во спрега со врхушката на власт рекетираат 8 милиони евра. Затоа што таму нема да се случи банка да пропадне со 200 милиони евра пари на граѓаните, а истата таа банка ги злоупотребила тие пари финансирајќи бизниси на фамилијата на власт.

Тие се против Европската унија, затоа што се мафија која 4 години не држи надвор од Европската Унија и исто време се претставуваат како лажни европејци, а во исто време не престануваат да крадат и лажат, расподаваат, понижуваат и засрамуваат.

Сакаат да го продадат Гоце, за да можат да си поделат уште некоја лиценца за производство на марихуана, нови зделки со бизнисмени со сомнително потекло на капиталот, за нова урбана мафија, да диктираат судски пресуди, да го ограбуваат народот.

И токму затоа денеска сме тука затоа што во Македонија освен мафија има и народ и тој народ си ја сака државата и сака иднина во оваа држава.

Овој народ си го сака Делчев, затоа што Делчев е симболот на Македонија и ние од Делчев нема да се откажеме, Делчев е нашата  нашата тврдина која нема да ја напуштиме. Делчев обединувал, а денес ова СДСМ со Заев разединува. Тоа е трагедијата на денешното време“, нагласи Мицкоски.

 

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе