Мицкоски да се извини за тврдењата дека премиерот ја бугаризира државата, бара СДСМ

„Сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во однос на евроинтеграциите потонаа. Тврдењата дека наводно државата ќе се бугаризирала, дека народот ќе бил асимилиран пукнаа како меур од сапуница како и многу други лаги претходно. Премногу е од лагите од белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да смогнат сили и да им се извинат на граѓаните", реагира СДСМ по Самитот на ЕУ на кој премиерот Ковачевски изјави дека го отфрла францускиот предлог.

„Еве шанса ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се променат и наместо да одработуваат за туѓи центри на моќ, да се престројат на страна на на граѓаните, на страната на националните интереси.

Претседателот на СДСМ и на Владата, Димитар Ковачевски покажа државништво, покажа како се брани национален и државен интерес, како се штити националното достоинство на македонскиот народ.

Од тој пример, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат доста да научат“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе