Мицкоски: Чист датум за преговори или техничка влада и предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека очекува препорака и чист датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ, а во спротивно формирање техничка влада и предвремени парламентрани избори.

„Очекуваме тоа што цело време го зборуваме, да добиеме чиста дата за отпочнување пореговори со ЕУ, иако оваа влада можеби тоа најмалку го заслужува. Но, сепак, граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Сѐ што е надвор од тоа да биде чист датум за преговори ќе биде голем неуспех за оваа влада и политиките на Зоран Заев и коалицијата што ја предводи. ВМРО-ДПМНЕ апелира за добивање чист датум за преговри. Во спротивно очекуваме формирање техничка влада и одржување предвремени парламентарни избори", рече Мицкоски одговорајќи на новинарско прашања по вечерашната средба со жители на општина Кисела Вода.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе