Заврши средбата во Собранието

Мицкоски: Чекаме Заев да ја поднесе оставката, а потоа ќе видиме дали ќе одиме со нова влада или брзи парламентарни избори

Вечерва покажавме дека во Собранието има ново мнозинство кое гарантира дека оваа влада на СДСМ е веќе минато. Сега сите опции се во игра – или нова влада или брзи предвремени парламентарни избори, изјави вечерва Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата во Собранието со претставници на Алијанза за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица.

„Ја очекуваме оставката на Заев. Ако Собранието не ја добие оставката, ќе поднесеме иницијатива за недоверба. Постои ново мнозинство и ако Заев не ја поднесе оставката, ние ќе ја поднесеме иницијативата. Ако утре ја поднесе оставката, има процедура за нова влада. Сите опции се во игра – окрупнување на опозицијата и ново мнозинство и втората е брзи предвремени парламентарни избори. Ова мнозинство гарантира дека владата на СДСМ и Зоран Заев се минато. Ние ветуваме влада против корупцијата и криминалот, реформи во здарвството и образованието, продолжување на евроинтегративните процеси...  Втората опција се брзи парламентарни избори“, изјави вечерва Мицкоски и за утрешниот ден вети повеќе детали.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе