Мицкоски: Бугарија до април ќе тренира жестокост врз нас

Бугарија до изборите, до месец април, ќе тренира жестокост врз нас и нашата земја, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Бугарија одбра до избори до март – април да тренираме жестина врз Македонците и врз Македонија. Така што од прилика таа стратегија е јасна како ден и се гледа“, рече Мицкоски вечерва во емисијата „Што не е јасно" на ТВ Алфа.

Тој посочи дека нема комуникација со бугарскиот премиер Борис Борисов. – Последната комуникација беше на ЗУМ состанок самит којшто се одржа помеѓу партиите коишто се дел од ЕПП, мислам дека беше мај, и тоа не беше директна комуникација, туку индиректна повеќе. Точно на оваа тема си префрливме и едниот и другиот за тоа како го гледаме решението за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ, рече Мицкоски.

Рече дека не би коментирал повеќе околу Борисов, бидејќи како што додаде „тој сега ова со Каракачанов и Захариева ќе го користи за решавање на внатрешните проблеми во Бугарија".

Мицкоски истакна дека доколку е на местото на премиерот Зоран Заев би ги напуштил преговорите со Бугарија, бидејќи нивните барања се потполно неприфатливи.

„Апсолутно би ги напуштил преговорите и би го напуштил самиот договор, бидејќи ваквиот договор не нуди решение, туку создава дополнителни проблеми. Замислете што ќе се случува  во регионот во иднина кога ќе треба и другите земји да стануваат земји-членки на ЕУ. Зарем вака ќе се уценуваме?, истакна Мицкоски.

Според него, ако услов за договор се хегемонистичките и големодржавните барања на Бугарија, Заев треба да престане да преговара.

„Јас кога станува збор за Зоран Заев верувам се, дека се е можно да направи кое што нормално не го чини него и неговото семејство ништо, доколку го чини него и неговото семејство ништо тогаш не е подготвен да направи. Но, бидејќи за ова други се бореле и други стекнувале некаква вредност нема проблем таа вредност да ја распродаде, па дури и дека е подготвен да испорача Анекс…Ако имаме такви дијаметрално-спротивни гледишта на реалноста тогаш зошто воопшто уште преговараме. Тогаш треба да седнеме и да си кажеме луѓе веќе не треба да преговараме, бидејќи овој Договор ваков каков што го потпишавме неговата содржина е исцрпена и оваа негова содржина не нуди решение. Или тие ќе се повлечат од ние нивни хегемониски барања или ние како држава треба да го напуштиме овој договор, бидејќи очигледно претставува сериозна пречка за да ние станеме членка на ЕУ“, рече Мицкоски. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе