Mицкоски: Бугарија да не нѐ блокира и да го признае македонското малцинство

Коалицијата за обнова на Македонија се спротиставува на промените на Уставот и бара признавање на македонското малцинство, почитување на македонската историја и нејзина посебност. Исто така, Коалицијата бара од Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на државата, туку да ја поддржи и да покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави.

Ова го посочи вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанок на Коалицијата. Една од поважните одлуки на Коалицијата е дека истата цврсто стои на уставната одредба за антифашистичкиот карактер на нардонослободителната борба и остро се спротиставува на промените на уставот кои негирање на антифашистичкиот карактер на анродноослободителната борба.

Тој додаде дека деновиве да одржи средба со сите опозициски партии во Парламентот, сите партии кои и мислат добро на државата, да се обидат да разговараат и да најдат решение.

За Коалиција, македонскиот јазик и неговите историски корени и антропологија како и неговата признаеност се неспоредлив историски факт кој е потврден и признат од целокуоната светска научна јавност и околу овој факт нема дискусија

Коалицијата, како што посочи Мицкоски, инсистира на признавање и почитување на македонското малцинство и неговите европски загарантирани права,  а кое, според него, опстојува кај нашиот истиочен сосед, и чие постоење е потврдено од страна на европски надлежни правни институции како што е Судот за чоивекови права во Стразбур.

-Воедно го повикуваме источниот сосед да ги почиттува одлките донесени од овој Суд, а кои сеоднесуваат на оправата на македонското малцинство во Бугарија. Коалицијата повикува на почитување на македонската историја и нејзината посебност, и се спротиставува на вештачката промена на улогата и карактерот на националните херои кои се ореле за слободна и независна македонска држава, рече Мицкоски.

Како што посочи, Коалицијата потенцира дека македонскиот идентитет е неспорен и засебен, има свој посебен историски, правен, политички и културолошки развој. Кон овој став, додава Мицкоски, едногласно се придружуваат и припадниците од партиите на Коалцијата кои ги претстатвуваат етничките заедцници кои се различни од македонскиот народ

На средбата се истакнало дека ВМРО-ДПМНЕ како наследник на историската ВМРО има историска одговорност и обврска да ги штити, зачува и промовира сите идентитетски обележја на македонскиот народ и да се бори за нашата заредника европска иднина.

Сите останати партии од Коалицијата за обнова на македонија, како што рече Мицкоски, се придружија и цврсто го поддржаат овој став.

-Коалицијата за Обнова на Македонија предупредува актуелната власт да не тргува со националните интереси, да не ги руши темелите врз кои е изградена модерна македонска држава  а кои се создавани од генерации и да овозможи транспарентност и инклузивност на сите партнери во овј прцес за изградба на анционален консензус за ова прашање во спротуивно ке се соочи со судот на анродот историја и правда, рече Мицкоски.

Тој додаде оти Коалицијата повикува на Република Бугарија да не ја блокира европската иднина на Македонија туку напротив, да ја поддржи истата и да на тој начин покаже вистинско пријателство меѓу граѓаните на двете држави.

-Коалицијата апелира до пријателите и сојузници од Европската Унија, европската јавност и политичари да се вложат во отворање на пристапни преговори за членство во ЕУ на Македонија и да им овозможат на македонските граѓани да ја добијат евролсоката перспектива и иднина која одамна ја заслужија по повеќедецениски дела и залагање, рече Мицкоски.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе