Скопје - Атина

Мицкоски бара двотретинско мнозинство за измени во Преспанскиот договор, Мицотакис ревидирање

Претставници на актуелната владеачка партија во Грција сѐ почесто изјавуваат дека не се баш најсреќни со Преспанскиот договор и дека е штетен за Грција. Од наша страна пак, претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои се убедени во победата на наредните избори, велат дека договорот е предавнички, но и тоа дека промени се можни само ако владеачката коалиција добие двотретинско мнозинство во Собранието.

Бурниот аплауз на излагањето против Преспанскиот договор на поранешниот грчки премиер Андонис Самарас на конгресот на владеачката партија Неа демократиа, покажува дека власта во Грција не е баш најсреќна во однос на спроведувањето на обврските од тој договор. „Политичко прашање е како ќе се ослободиме од Договорот од Преспа, без да ја платиме цената. Политичкото прашање е како ќе се ослободиме, без да ја платиме цената. И ова не е лесно, бидејќи не може да се случи преку ноќ, бидејќи станува збор за договор што не оди напред, ниту внатре, ниту надвор, ниту на Балканот, ниту во Европа. Го разбирам она што го кажува премиерот дека не можеме да се ослободиме од овој договор преку ноќ, бидејќи така сакаме. Но, и не можеме да разубавуваме еден договор што ние самите го имаме негативно оценето како штетен и неприфатлив и што не оди напред. Засега, ние мора да ја заштитиме Грција од негативните последици од договорот, да ги искористиме сите проблеми што ги создава и сите негови слабости, а пред сè, да ја зајакнеме Грција и нејзината преговарачка позиција, за потоа да можеме да постигнеме, земјата да биде оправдана, целосно оправдување на Македонија и нејзиниот грчки карактер, од кое не се откажуваме и немаме право да се откажеме“, рече Самарас минатата недела бурно поздравен со аплауз од присутните на конгресот на Нова демократија.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ одамна изјави дека Преспанскиот договор е предавнички и дека „има математики како може да се исправи грешката“.

Сето она што е во насока на подобрување, на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кои овој уценет премиер под притисок ги потпишал, ние сме тука да ги репреговараме и да ги вратиме. Јас сум подготвен со секого да разговарам, немам никаква дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и интересите на македонската држава и не се повлекувам од таа точка“, вели Мицкоски.

Во однос на математиката, Мицкоски во интервјуто за српскиот дневен весник „Политика“ изјави дека со евентуалното освоено двотретинско мнозинство во Собранието, сѐ ќе биде полесно.

Ако имаме двотретинско мнозинство и пратеници од другите етнички заедници, се отвора можност за враќање чекор наназад, во спротивно нѐ чека многу работа", изјави во интервјуто Мицкоски.

Откако се смени власта во Грција и нов премиер стана колегата на Мицкоски од европската десница, лидерот на Неа демократиа Кирјакос Мицкотакис, кој е жесток критичар на договорот, се актуелизира прашањето дали е можно Договорот од Преспа да претрпи измени. Мицотакис вели дека е за ревидирање, но еднострано поништување рече дека не е возможно.

Грција даде сè од старт и име и признавање на националност и признавање на јазик, а Скопје вети дека ќе направи некои отстапки во иднина, доколку оди напред нивната интеграција во Европа. Но, тоа не зависи ниту од нас, ниту од Скопје. Впрочем може други земји да стават вето. И тоа се случи. Франција, Холандија и Данска ставија вето, а Бугарија поставува сериозни проблеми за признавањето на таканаречениот македонски јазик. Па така, останаа само нашите целосни отстапки што беа направени на почетокот. А скопските идни обврски висат. Некои ни велеа дека ако го ставиме Скопје во НАТО, ќе го стабилизираме. Но, овде е чудното откако Скопје влезе во НАТО, започнаа сомнежите за самото НАТО“, рече поранешниот грчки премиер и се запраша „кој ќе го стабилизира самото НАТО?“.

А.Д.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе