Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку Фејсбук

Мицкоски: Армијата го нема потребното внимание од Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од изолација поради тоа што е позитивен на ковид-19 и има симптоми на болеста, преку Фејсбук упати честитка до македонската војска по повод 30 години од нејзиното формирање и порача дека војската од Владата го нема заслуженото внимание.

Во пораката Мицкоски вели:

„Армијата претставува симбол на државноста на Македонија, институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт.

Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија. Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ.

Армијата заслужува поголемо внимание од Владата, која во овој момент го нема. Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски, на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода.
Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија, нека е вечна Македонија“.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе