Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Архиепископот Стефан и Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ

„Архиепископот Стефан и Синодот ја имаат мојата поддршка. Знам дека нивниот потег е во заштита на православните христијани и македонскиот народ. Ги повикувам сите православни верници да се обидениме околу МПЦ-ОА“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски запрашан како ги оценува односите меѓу македонската и српската црква во светлината на денешната заедничка литургија во Белград.

„Јас сум свесен дека ќе имаме луѓе кои сакаат поделби, недоверба. Тие луѓе се под влијание на оние на кои не им одговора македонско единство и обединување околу Синодот на МПЦ. Ние мораме како народ да се обединиме овој пат, ние мораме да бидеме паметни, не смееме да дозволиме надворешни фактори да нѐ разделуваат. Сигурно и Архиепископот Стефан и владиците во Синодот знаат што е најдобро за македонскиот народ и православните верници и затоа повикувам на единство. Ја користам оваа прилика и да ја поздравам и одлуката на Вселенскиот патријарх, кога практично се тргна и шизмата, кога МПЦ-ОА влезе во канонско единство со што јасно се покажува нашата разлика од останатите балкански православни народи и јасно се става до знаење дека тоа е она кое што е вистинската патека и очекувам набргу, во периодот што следи и формално да се добие томосот и конечно да се добие автокефалност“,  рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ духот и енергијата на сите православни верници треба да се насочи кон Архиепископот г.г. Стефан, како и кон владиците од Синодот, „а тие да работат за интересите на народот како што и работат до сега, да внесуваат верба и надеж бидејќи народот најмногу верува во МПЦ-ОА“.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе