По изјавите на премиерот за бугарски медиум

Мицкоски: Ако Заев го начне македонскиот идентитет, одам во прв борбен ред

На вонредна прес-конференција одрќана поради изјавите на премиерот Заев за бугарски медиуми, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хритијан Мицкоски изјави дека внимателно ќе ги следи неговите преговори со Софија и дека „ако на било каков начин го навреди македонскиот идентитет ќе реагираме да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба".

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски тезите од интервјуто на Заев ги оцени скандалозни и како негово додворување кон бугарската јавност зашто ја негира антифашистичката борба, но и како подготовка на македонската јавност во однос на преговорите со Софија.

„Заев во ова скандалозно интервју ја негира антифашистичката борба на граѓаните и нашето право да се повикуваме на тоа наследство. Тој прифаќа дека овде постоела бугарска администрација и практично македонските борци за независна македонска држава кои што се бореле против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна ги изедначува со истиот тој окупатор за време на ова скандалозно интервју, па вели дека Скопје, Куманово и Паланка всушност биле ослободени, а не биле поробени во Втората светска војна", рече Мицкоски.

Тој нагласи дека е загрижен зашто ова интервју може да се толкува и како прв чекор кон откажување од македонското малцинство кое што живее во своите древни огништа кај нашиот источен сосед, а со тоа и поништување, брутално кинење на сите пресуди кои што меѓународни судови до сега ги имаат изречено. Мицкоски вели дека е исто така загрижен затоа што гледа фалсификување на македонската историја.

„Го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите оние кои што се дел од македонската нација, не само во Македонија туку и надвор, будно да го следиме овој процес на преговори кој што го води оваа влада на Зоран Заев, затоа што загрижени сме дека тој може да го начне македонскиот идентитет. Ги предупредувам во владата на Заев да не си играат и да не го начнуваат македонскиот идентитет, бидејќи на тој начин ќе се соочат со сиот гнев на македонскиот народ и македонската нација, не само тука во Македонија, туку било каде во светот", нагласи Мицкоски.

На крајот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев: „Ако на било каков начин го навреди македонскиот идентитет да реагираме и да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба".

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе