ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Ако Владата ги одбрани националните интереси во преговорите со Бугарија, јас прв ќе им честитам

Очекувам меѓувладината конференција да се одржи во декември, тоа Европа им го должи на македонските граѓани, а со резигнираност треба да бидат отфрлени максималистичките и крајно негаторски и неевропски позиции на нашиот источен сосед, изјави денеска лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Овие неколку дена, истакна на денешната прес-конференција Мицкоски, се многу значајни во разговорите со Бугарија. Апелираше Владата како свој прв приоритет да ги постави заштитата на националните и стратешки интереси и да постигне решение, како што нагласи, не по цена на самоодрекување и бришење, туку решение гарантор на нашиот идентитет, јазик, посебност и виза за непречен почеток на преговорите со ЕУ.

Мицкоски предупреди дека ако Владата се обидува да преговара со Бугарија за решение кое ќе го негира нашиот идентитет, историјата, антропологијата на македонскиот јазик и неговата посебност, во која ќе ги понижи жртвите на македонските дејци кои се бореа за независна современа македонска држава, ако, во исто време преговара за решение со кое ќе се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, дека окупаторот бил административец, ќе ѝ се случи народ истиот ден низ цела држава.

„Ако Владата постигне решение недвосмислено заштитувајќи го македонскиот јазик и неговата антропологија и историја, да не се откаже од македонското малцинство кај нашиот источен сосед, решение во кое ќе ги заштити историјата, имињата и жртвата на дејците кои животот го положија за независна македонска држава, решение во кое нема окупаторите да бидат административци, јас ќе бидам првиот кој ќе застане пред нив и ќе им честитам и ќе речам секоја чест ги одбранивте македонските национални интереси“, изјави лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе