Интервју за Дојче веле

Мицкоски: Ако имаме 80 пратеници и бадентерово мнозинство ќе го смениме Преспанскиот договор

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за Дojче веле на македонски јазик вели дека избори на 12 април мора да има. Неспособниот радикализам на Заев ќе го заменам со умерен патриотизам, најавува Мицкоски.

Во однос на можното одложување на изборите Мицкоски вели дека Заев е свесен за сиот криминал што го има сторено. „Инаку зошто би се плашел од избори, зошто би пуштал информации дека ќе се одложуваат изборите, ако знае дека политиката што ја предводел како премиер била добра за граѓаните, понудила раст во државата, перспектива, иднина. Сето ова е спротивно на реалноста.

За ветувањето дека Македонија ќе ја стави на брзата лента кон ЕУ, Мицкоски вели дека планира целосно реформирање и ресетирање на општеството.

„Со последниве одлуки на Заев, како се однесува со буџетот и начинот на кој ги води политиките, ме загрижува за иднината на државата. Немаме информации за она што ќе го остави оваа влада во заминување. За време на техничката влада, кога ќе имаме заменик министер во финансии, ќе имам јасна слика што наследуваме и таков приоритет ќе дадеме на проектите кои Македонија ќе ја ставаат на брза лента. Тука пред сѐ мислам на реформите кои граѓаните ќе ги почувствуваат во првите сто дена од новата влада... Уште во првите 100 дена ќе се почувствува разликата што ќе ја понуди новата влада. Прв и најголем акцент ќе биде ставен на владеењето на правото и реформите во правосудството за 100 % независно правосудство. Не можете да им оставите независност, па тие да се претворат во нов центар на моќ. Некој мора да го мониторира нивното работење, некој мора да ги забележува нивните грешки.

За Преспанскиот договор Мицкоски вели дека не е решение за проблемите на граѓаните. „Ако некој на граѓаните им ветува дека со членство во НАТО ние ги решаваме проблемите, тоа не е точно. Тоа е стратегиско партнерство кое што служи да бидеме дел од организација која во светот застанала зад Македонија, на начин на кој застанала и зад 29 други држави. Нашиот став го знаете. Ако имаме 80 пратеници, бадентерово мнозинство, ние сме подготвени и се отвора можноста за чекор назад во однос на тој Договор, тоа сум го кажал и тука нема и не треба да има дилема... Имате граѓани кои што велат не треба да се оди чекор назад кон Договорот, а имаме граѓани кои велат искинете го Договорот и фрлете го во ѓубре. Ниту едното, ниту другото не го решава проблемот. Секогаш вистината е помеѓу, а вистината е дека треба да имате чесен пристап. Со едноставно кинење на Договорот и фрлање во корпа не се решава проблемот, затоа што проблемот ќе си остане, бидејќи овој неспособен радикал го направил.... Не можам да ја прифатам декларацијата на бугарскиот парламент дека македонскиот јазик е практично дијалект на бугарскиот јазик и дека не постои, кога е кодифициран и признат од 1977 година и се изучува во повеќе од 100 универзитети во светот. Ако е тоа услов - ќе работиме да го промениме. Ако е услов дека Гоце Делчев бил Бугарин не можам да го прифатам, и мислам дека за најголемиот дел од македонското општество тоа е неприфатливо. Ако е услов да се откажеме од Македоците што се наоѓаат кај нашиот источен сосед, тогаш да ги предадеме сите  оние што се бореа сите овие години, како што ги предадовме оние коишто се бореа во Грција од кои се откажавме со Преспанскиот договор...  На црвени линии со црвени линиии се одговара. Не може ние на црвена линија да одговориме со бела линија. Како? Ќе прифатиме да мумламе во химната кога ќе дојде делот за Гоце Делчев?! Ќе прифатиме дека јазикот кој што го говориме вие и јас не е македонски? Знаете ли зошто секогаш ние губиме? Кога нема национално единство. Кога ќе имаме национално единство и цврст став, без разлика дали е тоа ВМРО, СДСМ ДУИ, Алијанса, кога сите ние ќе излеземе со униформна декларација - тоа е крај и тука нема назад“, изјави Мицскоски за Дојче веле.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе