Мицкоски: Аферата Мафија е најголема во последните 10 години, каде е Николовски кој откриваше путер

Во вечерашното издание на емисија „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој се осврна на моменталната политичка ситуација, лошите владини мерки, како и за последните случувања со пасошите кои биле издавани на мафијаши, убијци и наркобосови.

Мицкоски потенцираше дека ова е афера од невидени размери и овој случај ја отсликува реалната состојба во Македонија во однос на криминалот и разрушениот безбедносен систем.

„Николовски ја манипулираше јавноста дека се бори против криминалот и корупцијата со тоа што заплени путер со поминат рок. Замислете, ова било голем криминал. Зошто Николовски не кажа ништо за овие 200 пасоши издадени на криминалци, убијци и наркобосови?“, додаде Мицкоски.

Власта секојдневно тоне и гази во жива кал. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно открива скандали и матни случаи поврзани со власта, која таа иако сака да ги сокрие, сепак излегуваат на виделина, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со објавување на вакви случаи, за јавноста да има јасна слика кој ја води државата цели 5 години, заврши Мицкоски.

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе