ВМРО-ДПМНЕ му одговори на СДСМ

Мицкоски: 5 и 8 јули не доаѓаат предвид, прва можна дата за избори е средината на јули

Првата можна дата за избори е средината на месец јули, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ има два услови, да се изработат протоколи за заштита на здравјето и да има фер и демократски и инклузивни избори, порача денеска на прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски нивните услови вклучуваат и почеток на кампањата еден ден по првата прес-конференција на ОБСЕ/ОДИХР по пристигнувањето во земјава. Но, предупреди дека ако, како што рече, СДСМ и Зоран Заев тактизираат, се губи како можност и средината на месецот, односно 15 јули.

Мицкоски денеска му порача на претседателот Стево Пендаровски дека има време до крајот на денот да ја продолжи вонредната состојба, објаснувајќи дека знае оти претседателот бил под притисок и постојано му ѕвонеле на телефон од владејачката СДСМ.  

„Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако Заев сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули“, рече Мицкоски.

Тој не сакаше да сподели што се зборувало кај претседателот Пендаровски каде беше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, но кажа дека „три часа се изнаслушал 8 јули, 8 јули, 8 јули“. Мицкоски најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има состанок на Централниот комитет, по што, додаде „До крајот на денот власта да се вразуми, избори на 5 или 8 не прифаќаме“. Истовремено упати ултиматум до власта дека има рок до крајот на денот да се вразуми.

Мицкоски појасни дека ОБСЕ не е во можност да обезбеди набљудувачка мисија како онаа планирана за изборите закажани на 12 април, туку ќе пратат седум луѓе, кои ќе ги оценуваат изборите. Додаде дека, од мисијата ги известиле дека имаат имаат конкурс да се пријават луѓе, кои ќе бидат дел од таа мисија до 16 јуни. Најрано што можат да испратат луѓе тука од ОБСЕ, според Мицкоски е 19 јуни.

„Ние нема да поддржиме избори во кои нема да има воспоставено мисија на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Мицкоски и појасни дека оваа мисија на ОБСЕ нема да биде набљудувачка, туку оценувачка.

Повтори дека ако мисијата на ОБСЕ стигне денеска, тогаш кампањата може да почне утре.

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе