Мицкоски: На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт

На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Стотици семејства си заминуваат од Македонија, што направи Зоран Заев за овие три години за да задржи барем еден човек ? Стотици огништа ќе има помалку, затоа што овие луѓе немаат ниту една причина повеќе да седат во сопствената татковина. Поразителна и болна е оваа реалност каде што нема ниту еден сегмент каде што блескаме, му се збогтиса на народот од разно-разни Заевци, Вицевци, Анѓушевци. На егзодусот мора да му се стави крај, а првиот чекор до тоа е крајот на оваа политичка каста на власт!, напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе