Поддршка од САД

Мичел: Само трајно решение за името, ќе биде заедничко решение

Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, денеска ја повтори поддршката од САД за решавање на спорот околу името со Грција, но рече дека решението може да се постигне само во преговори меѓу двете земји.

„САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко прифатливо решение за прашањето. Единствено трајно решение ќе биде заедничкото решение. Јас мислам дека Македонија презема огромни чекори напред , како и Грција. Ние сме среќни за напредокот којшто е направен и јас мислам дека таму има инзворедна можност“, рече Мичел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по средбата во Скопје.

Во врска со членството во НАТО и претстојниот самит, тој повтори дека Македонија има можност да најде решение за спорот за името со кој ќе ѝ се отвори патот на земјата кон Алијансата и кон ЕУ, но повтори дека поканата за членство не е поврзана со точен датум или настан.

„Но, мислам дека можеме да направиме сѐ што можеме за да го одбележиме напредокот и заложбите на САД, Македонија да стане членка и на НАТО и на ЕУ. Ова е наша заложба долги години и не е врзана со конкретен датум или настан“, рече Мичел и додаде дека САД ја поддржуваат Македонија во нејзините евроатлантски аспирации и нагласи дека вратата кон НАТО останува отворена.

На новинарско прашање дали Вашингтон директно ќе се вмеша во преговорите за името, Мичел изјави дека САД се поддржувачи на процесот, но дека двете држави треба самите да го решат.

Премиерот Заев во однос на решавањето на спорот за името изрази задоволство што процесот е влезен во финална фаза и ја потврди јасната подготвеност за вистински дијалог.

„Кога ви е тешко се викаат пријателите. Ние со Бугарија го решивме проблемот, дај Боже да им соопштиме на нашите пријатели дека постигнавме решение и со Грција. Ќе продолжиме со преговорите, но ако има проблем повторно очекуваме помош од нашите пријатели“, изјави Заев за можноста за помош од страна на САД.

На средбата на Заев со Мичел присуствуваа и министерите за надворешни работи и за одбрана, Никола Димитров и Радмила Шекеринска. Инаку, Мичел дојде во Македонија во рамките на неговата балканска турнеја и од Скопје замина за Атина.

Фото: МИА

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе