Изјава на координаторот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Мицевски: Зендели е избран од народот, а не од Владата, неделовнички и неуставно е да се разреши

Предлог одлуката за разрешување на пратеникот Фадил Зендели од членство во собраниската Комисија за избори и именувања без одлука на самата Комисија, а кое е ставено на дневен ред на пленарна седница, е спротивно на Деловникот и Уставот и за прв пат се случува такво нешто во парламентот,  изјави координаторото на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Тој потенцира дека СДСМ и ДУИ, во намерата да добијат мнозиство во оваа Комисија, Зендели го разрешуваат спротивно на деловникот, односно како тој да е избран на јавна функција, а всушност е избран од народот.

Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ повторно демонстрираат уставно и деловничко насилие и самоволие и по којзнае кој пат се обидуваат да го приватизираат Собранието, рече Мицевски потенцирајќи дека денеска, на пленарна седница и тоа пред самиот нејзин почеток, била ставена точка за разрешување на пратеникот од Фадил Зендели од Беса од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Бидејќи Зендели и Беса сега се нивен политички противник, нагласи Мицевски, СДСМ и ДУИ решиле тој да не биде член на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата бидејќи токму во Комисијата им е потребно мнозинство кое ќе ги аминува нивните штетни и политички одлуки.

„Сепак, апсурдот и грубото кршење на Уставот, Деловникот и процедурите се во следново. Очигледно брзајќи и водејќи се од својата намера по секоја цена да го разрешат пратеникот од Комисијата, пратениците на СДСМ и ДУИ направија огромна, несфатлива и аматерска грешка, повикувајќи се на членовите 114 и 118 од Деловникот и членовите 68 и 76 од Уставот. Со тие членови од Уставот и Деловникот се уредуваат избор, именување и разрешување на носители на јавни и други функции, како и работните тела на Собранието.

И, тука лежи проблемот. Пратеникот не е носител на јавна или друга функција, тој не е министер, тој е пратеник во Законодавниот дом избран на директни и непосредни парламентарни избори. Тој е директен претставник на граѓаните, а не именувано лице од страна на Собранието на Република Македонија. Токму затоа, овој предлог за негово разрешување како член на Комисијата е неделовнички и очигледно тесно-партиски мотивиран“, изјави Мицевски и оцени дека покрај газењето на Уставот и деловникот, е погазена волјата на народот, односно дека практично, „е суспендиран мандатот на пратеникот Фадил Зендели кој е избран од граѓаните, а не од Заев и Ковачевски и не од СДСМ и ДУИ“.

Мицевски рече дека  доколку СДСМ и ДУИ не отстапат од оваа намера и не ја повлечат оваа противуставна и неделовничка предлог одлука за разрешување, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе размисли за понатамошното делување во Собранието „и ќе бори против сите вакви и слични партиско-политички и штетни закони и одлуки, освен оние кои ќе се однесуваат за доброто на граѓаните“.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе