Изјава на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНE

Мицевски: За пакетот економски мерки ќе гласаме со присутни 44 пратеници

Координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вечерва изјави дека на утрешната седница за изгласување на петтиот пакет мерки сите 44 пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни. На 32-та седница на Собранието нема да присуствуваме

„На утрешната седница во Собранието сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни во Собранието. Доколку немаат мнозинство владејачките партии, ете 44 пратеници ќе бидат во пленарната сала, па дајте да го изгласаме овој петти пакет на мерки. За 32-тата седница нема да бидеме внатре. Работата на претседателот е да констатира дали има кворум или нема за 32-тата седница и доколку нема ја прекинува, ја презакажува за некој нареден период и преоѓа на следната. Дајте луѓе да ги изгласаме петтиот пакет мерки, ме среќаваат луѓе на улица помош бараат“, рече Мицевски во гостување на телевизија Сител.

Тој додаде дека СДСМ цело време зборува дека опозицијата правела сѐ за помошта да не стигне до граѓаните, а обратно е, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да помошта стигне до граѓаните. 

Зарем нашиот предлог за бесплатни ПЦР тестови не е за граѓаните, го постави прашањето Мицевски.

Тој рече дека во четвртокот спикерот Џафери требаше само да ја прекине „таа фамозна 32-ра седница и да прејде на 36-тата“ и законите ќе беа изгласани.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе