Мицевски: Власта предводена од СДСМ го истурка на сила законот за попис

На денешната 29-та Собраниска седница ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не гласаше за законот за пописот на населението и домаќинствата. Според координаторот на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, ова законско решение власта го истурка на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не се прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде на СДСМ и нивните коалициони партнери.

„Овој закон е повторно по скратена постапка со европско знаменце, со неколку козметички измени кои немаат никаква допирна точка со регулативите на Европскиот парламент со препораките и стандардите. Последниве денови се лецитира со проценти и признавање, односно непризнавање на резултатите од пописот кој што треба да се спроведе. Што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистичка преминува во политичка операција“, изјави од собраниската говорница Мицевски.

Ваквото предложено законско решение, рече Мицевски нема да биде објективно и фер, овој законски текст нема да биде релевантен, туку иреален попис.

„Го истуркавте ова законско решение на сила, со скратување на постапките и без јавна дискусија и јавни дебати. Не беа прифатени 26-те амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, односно 37 на целокупната опозиција и ефектите од ваквото законско решение ќе се видат наскоро од страна на граѓаните, а одговорноста ќе биде ваша. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласаат за ваквото законско решение“, изјави Мицевски.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе