Мицевски: Точката за разрешување на министри која премиерот ја образложи ja гледам како платена политичка програма

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Макдонија„ Никола Мицевски запраша зошто наместо на денешната собраниска седница да биде образложено зошто се сменети министрите, се слуша како „блеска" оваа Влада

„Точката за разрешување на министри која во своето експозе премиерот ја образложи јас го гледам како платена политичка програма затоашто очекувавме да слушнеме зошто се сменети министрите, а ние слушнавме како блеска оваа Влада. Парадоксот да биде најголем во годината на економијата прогласена од оваа Влада ние го менуваме министерот за финасии, Тевдовски. Очекувавме да слушнеме како блеска економијата, а не и зошто е денес сменет Тевдовски. Очекувавме да слушнеме зошто во ситуација кога оваа влада кажува дека културата ни е на највисоко ниво, ние го менуваме министерот за култура којшто патем речено една надзорна работа која беше побарана од страна на пратениците од опозицијата иако почна и имаше и еден продлчеток не дозволивте да продолжи согласно динамиката за програмата којашто беше донесена од страна на министерството за култура“, истакна Мицевски.

Именот Мицевски кажа дека во моменти кога нема загадување во Македонија Владата го менува министерот за животна средина и просторно планирање.

„Очекувавме да слушнеме која е причината за промена на овој министер. Во моменти кога земјоделието во Република македонија ја доживува својата ренесанса, вие го менуваме најспособниот министер, а земјоделците се жалат дека земјоделието е на колена. Очигледно сеуште земјоделците во Македонија не ја сватиле вашата прогарама и ќе мора дополнителнои да им објаснувате дека земјоделието во Македонија“, истакна Мицевски.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе