Изгласани антикризните мерки

Мицевски: Прекршен е и Уставот и законите со „скафандер“ седниците, загрозени се и нашите семејства

Во процедуралната забелешка до претседателот на Собранието Талат Џафери, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски рече дека спикерот го прекршил и Уставот и законите дозволувајќи во работата на 36.седница да присуствуваат и пратеници позитивни на ковид-19. „Со две маски сум, сега здравјето и на моето семејство е загрозено“, рече Мицевски. Џафери одговори дека Собранието работи согласно здравствен протокол од надалежна институција.

„Деловникот, правилникот на Собранието или друг документ не може да биде над Уставот и законите и вие со непознаваање на правото правите кривично дело. Кривично дело прави и полицијата која дозволи влез на позитивни на ковид-19 пратеници. Еве јас сум со две маски на лицето зашто тука во парланентот се шетаат болни пратеници, морам да мислам и на моето семејство. Праќате порака до граѓаните дека смее да се крши Уставот и законот. Имавте доволно пратеници за кворум, не требаше да повикувате да присуствуваат и болни пратеници“, му рече координаторот на пратеничката група на  ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на спикерот Џафери заради присутвото на двајца пратеници позитивни на ковид-19.

Џафери му одговори на Мицевски дека Собранието работи според здравствен протокол донесен од надлежна државна институција.

„Инаку, оваа седница со закони по скратена постапка беше свикана уште во март месец, што значи дека законите од интерес на граѓаните можеше порано да се донесат. Два месеци не ги донесовме законите поради односот на опозицијата“.

Потоа Џафери ги повика и другите пратеници ако сакаат да побараат процедурален збор замолувајќи ги да не бараат пауза. Никој не побара збор, по што се премина на гласање по точките од 36. собраниска седница.

По извесно време Мицевски повторно побара процедурален збор и рече дека според Устав и закон вработени лица кои се болни во време на епидемија дека не смеат да одат на работа. Нагласи дека пратениците не може да бидат нееднакви со другите вработени лица и порача на Џафери дека ќе се соочи со кривична пријава.

„Еве и како луѓе да се прашаме. Не ви е срам што заради некоја политика го загрозувате општото здравје“, праша Мицевски.

„Можете да се заканувате, но не подлегнувам на притисоци зашто работам според прописите на оваа институција“, одговори Џафери.

На денешната седница беа донесени законите од Петтиот пакет екононски мерки чие донесување граѓаните го чекаат од март месец.

П.Џ.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе