Интерпелација за работата на собранискиот спикер

Мицевски обвини за неделовничко работење, Џафери возврати: И вас ве штитев како пратеник и оваa институција

Во Собранието во тек е расправа по Интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери поднесена од ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски по однос на писмениот одговор на интерпелацијата од страна на Џафери наброја голем број, според него, на неделовнички однесувања на Џафери, а го спомена и Извештајот на Државниот завод за ревизија. Џафер општирно реагираше на тврдењата на Мицевски, а меѓу другото рече, дека нема на ВМРО-ДПМНЕ да му дозволи да ги повтори инцидентите од минатото во Собранието.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во образложението на интерпелацијата рече дека владејачкото мнозинство е опиено од власта и живее во розов свет. Тој цитираше дел од писмениот одговор на Џафери на поднесената интерпелација каде тој вели дека тврдењата на подносителите се обид за девалвирање на неговите постигнувања како претседател, па Мицевски нагласи:

„Но, господине Џафери, Собранието е претворено во гласачка машина и се злоупотребува европското знаменце. За какви достигнувања зборувате.
Освен тоа, одземата збор неделовнички, а направивте и голем неделовнички деловник, за кој може да се одговора и кривично, е кога на 25 мај ја заклучивте опозицијата за да не излезе. Не, не е оправдување за да се пребројат пристуните пратеници. Кодексот за работење на пратениците, го погазивте, господине Џафери“, рече Мицевски и го стутка Кодексот на говорницата.

„Тука ја затворивте приказната за кодексот, за меѓусебното однесување и соработка меѓу пратениците", рече Мицевски.

„Кога велите дека работевте за добра соработка на координативните седници, имавте добра волја од нас, но таа соработка ја претворивте во еднонасочна улица. Можам да заклучок, дека договореното на координација, некогаш не важело до понеделник, некогаш уште веднаш до попладнето. Понекогаш поради тоа не можеме да ги планираме активностите внатре во оваа зграда, а не па за активности надвор од Собранието кои ни се предвидени како на народни избраници. Не се однесува ова само на нас од опозицијата, туку и владејачкото мнозинство не може да си ги планира активностите, и тие се жалат, ама не и јавно преку говорница", рече Мицевски.

Знаете дека имаше интерпелации, дека не ги ставивте на пленарна седница, имаше и две за Никола Димитров, рече тој и нагласи дека сега, според настаните во последно време стана јасно зошто подоцна власта Димитров го пушти низ вода.

Мицевски го спомена и извештајот на Државниот завод за ревизија каде, рече, се констатирани неправилности во работењето на Собранието, но и дека за зградата не се поседува имотен лист.

„Koлку и да имате направено добри работи, не велам дека нема и добри работи, но со злоупотребата на европското знаменце, на скратените постапки, на повреди на деловникот, имате направено мноу постапки за да ја заработите интерпелацијата и оваа интерпелација да биде изгласана, заради угледот на ова Собрание", рече на крајот Мицевски.

По говорот на Мицевски, по однос на својот пишан одговор на интерпелацијата, зеде збор Џафери за да одговори. Рече дека ќе зборува на македонски јаик со цел, како што рече, преведувачите да не бидат обвинувани дека нешто лошо превеле.

„Го познавам официјалниот македонски јазик, а не и некои дијалекти на јазикот. Јас го почитувам Мицевски и не сакам како него да зборувам и на лична основа. Но, како да одговорам на тоа, а да не е на лична основа. Но, колку и да ми делите епитети, нема да се спуштам на ниво на Христијан Мицкоски и да делам дискфалификации на лична основа. Знае претседателот на опозицијата, му овозможив на ратификацијата на НАТО договорот да седи тука во пленарната сала, што претходно никогаш не се случило. За претходните интерпелации, има стенограми од секоја седница и затоа секој може да провери од седниците како било и што било кажан“, рече Џафери.

Потоа нагласи дека самиот тој, како претседател на Собранието, побарал Државниот завод за ревизија да изврши ревизија на работата на Собранието.

„Тоа не се случило никогаш претходно. И ниедна незаконитост не е најдена. Тоа што нема имотен лист за зградата на Собранието е стара работа, 30 години, не сум јас причината. Читајте ги извештаите. Па велите дека е дивоградба и дека се работи на црно. Па како може да кажувате така. Проверете си. Покренав постапка за бришење на маркичката за приватна катна гаража на метар и пол од вашите канцеларии. Собранието е објект од прва категорија на безбедност. Поднесов барање до Владата да донесе одлука за доделување на користење на Собранието и таа е спроведена“, рече спикерот Џафери.

Во однос на наведеното во Интерпелацијата дека се однесувал со пцости конслужбениците на Собранието, Џафери рече:

„Слубжениците вие ги држевте во подрумите како затвореници. И сега, кога тие рагботи се надминати, ќе ми префрлате за односот кон нив. Па тие мора одговорно да работат., зашто се работи за парламент.  Во 'топ' ме ставивте за 100 компјутери за службениците. А тие мора да имаат на што дас работат.
Но, ќе работам според Деловникот и моите надлежности, нема да дозволам да се вратат сликите од 2012 за буџетот, или од 2016 година, или да дозволам тука да се доаѓа и да се корне микрофонот. Да ве потсетам дека во 2018 година овде се качи вашиот Груевски и сакаше директен контакт со мене и истури вода. Сум ја затворал вратата? Но не како некој што ја отворил вратата па потоа имало повредени", рече Џафери.

Џафери потоа рече дека не се фер пратениците од опозицијата зашто тој и нив како и сите други пратеници ги бранел од секакви напади од надвор.

„Ве бранев со цел да го зачувам интегритетот на институцијата и на пратенилката функција. Знаете вие Мицевски, да ве потсетам кога камери одеа по дома да ве снимаат, се секавате кога беше актуелно прашањето за патните трошоци?“, рече Џафери.

Тој на крајот упати и порака дека пратеникот Антонио Милошоски, како подносител на интерпелацијатам се пријавил како 27-ми пратеник за збор.

„Да, 27-ми е, зашто знае дека нема да има време и тој да се обрати од оваа говорница. Не, Милошоски, сега немате право на реплика, така пишува во Деловникот“, рече на крајот Џафери.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе