Мицевски го повика Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција порача дека начинот на кој се донесе Законот за јавно обвинителство е врвот на хибридниот режим.

„Слугите на Заев денеска се надминаа себе си. Законот за зашитата на криминалот на Заев не помина. Она што се случи потоа е врвот на она што се нарекува хибриден режим. Законот не го доби потребниот број на гласови и ваквото гласање скандалозно и противзаконски беше поништетено. Потоа пак беше ставен на гласање противделовнички.

Ова е авториратно владеење на дело, оваа одлука е неделовничка. Ваквиот закон кој не е донесен не смее да биде потпишан од претседателот Пендаровски. Го повикуваме да не го потпишува. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира“, рече Мицевски.

Тој повика, како што рече, оваа лакрдија веднаш да заврши и веднаш да се распишат избори.

„Очекуваме денес да има распуштање на Собранието. Ќе бидеме присутни во Собранието, не во парламентарната сала. Ќе влеземе на седницата за распуштање. Ние сме тука единствено за распуштање на Собранието“, рече Мицевски, што значи дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да пристствуваат на гласање на законот за советот на јавни обвинители и законот за одбрана.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе