Мицевски до Заев: Немате храброст да дозволите три дена расправа за гласање на доверба на Владата

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски од собраниската говорница посочи дека жали што премиерот немаше храброст да се постапи по член 214 став 3 и да се дозволи три дена расправа за гласање на доверба на Владата.

 „Почитуван претседател на Владата, браво за можноста да го ставите владиното мнозинство на контрола и на тест. Ама УА за изборот на член 217 став 2 за начинот на кој што тоа го правите, каде што вели во случај прашањето на доверба на Влада да го поставува претседателот на Владата на усно на седницата на Собранието, а Собранието гласа за недоверба на Владата на иста седница да се расправа. Немавте сила, храброст да го поставите по член 214 став 3 и да дозволите три дена расправа тука и да ги кажеме сите аномалии на оваа Влада, туку бегајќи од јавноста три дена не сакате да излезе тоа што во Република Македонија нема вакцини, тоа што имаме најголема смртност во Република Македонија, тоа што вчера министерот за борба со корупцијата во Република Македонија на медиумите им вика јас ве плаќам треба да кажувате јас што кажувам на „Топ тема“. Сакате да избегате од сите коруптивни скандали кои што ги има оваа Влада“, запраша Мицевски.

Мицевски додаде дека доблесно ќе беше претседателот на Владата да се повик на член 214 став 3, да се дозволи три дена расправа.

„Граѓаните знаат што правите. Единствен начин да избегнете и да ја заобиколите целата тема околу неработата, коруптивните скандали, 111-то место на листата за корупција каде што велите дека е перцепција на граѓаните тоа, а не коруптивните зделки и работи кои што ги правите во државата. Не ви даваат сила и храброст да се повикате на член 214 став 3. Туку се повикувате на 217 став 2 каде што при усно доставување на Владата, што морам да потенцирам дека е прв пат во историјата во Република Македонија да се случи ова, избегнувате дебата, транспарентност со пратениците, со јавноста, и пред се граѓаните на Република Македонија кои што добро знаат оваа Влада на кој начин работи“, истакна Мицевски.

Мицевски посочи дека требаше процедурата да трае три дена, за да ви кажеме сите аномалии на вашата Влада.

„Мислите дека ја заобиколувате јавноста, но јавноста добро гледа на секој чекор во апсолутната власт на СДСМ како се прави, почнувајќи од обичен директор во општинско некое јавно претпријатие или до министер. Жал мие што не давате можност да ги убедиме овие пратеници во сето ова што го зборуваме и она што го констатираат меѓународните организации дека сме хибриден режим и дека сме 111-то место во однос на корупцијата во државата. Жалам што немавте храброст“, потенцира Мицевски.

 

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе