Мицевски: Датумот предложен од Заев е реално и физички неостварлив

Пратеникот Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ вечерва изјави дека партијата останува на претходните четири ставови околу изборите.

„Датумот којшто беше фиксно предложен од Заев е реално и физички неостварлив. Во интерес е на државата да има дата со кога ќе нема опасност за здравјето на граѓаните, ќе има фер избори, мониторирани од набљудувачи, а тоа во моментов е неостварливо“, рече Мицевски во гостувањето на отвореното студио на ТВ 24.

Тој изјави дека не се согласува со тврдењето на Владата дека ситуацијата е под контрола и оти „неконтролата" на граничните премини на почетокот на кризата и спората реакција на Владата придонеле да дојдеме во оваа ситуација.

„Сите треба да  работиме за здравствената едукација и ако не го сфатиме ова како што треба, пандемијата ќе ни се провлекува.Ние имаме около 100 ново заразени или околу 10-11 починати. Она што придонесе на целата оваа состојба по мене е мекиот однос на самиот почеток на кризата од страна на Владата во однос на првото доаѓање на луѓето кои што работеа во странство и неконтролата на граничните премини како и на нивното престојување, односно движење низ Република Македонија. Тоа ја прошири пандемијата во Република Македонија, не дека Република Македонија ќе беше имуна на целата состојба со тоа што се случува. Меѓутоа спората реакција од страна на Владата, несфаќање доволно сериозно на проблемите кои се појавуваа на почетокот придонесе да дојдеме во оваа ситуација“, рече Мицевски.

Тој смета дека најавениот 58-карантин е многу и треба да се земе предвид психичкиот момент на граѓаните, посочувајчи дека, како што вели, Велигденскиот карантин беше долг и граѓаните реагираа сензитивно.

Во однос на литијата во Струга каде имаше масовно групирање, Мицевски застана во одбрана на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Сите го напаѓате Чулев за што и да се случи, за сите ситуации, за прославата на МВР, за случките во Чаир и Сингелиќ. Министерот Чулев на секоја седница на владејачкото мнозинство е единка и не може неговите барања да излезат на површина“, рече Мицевски.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе