Мицевски: Буџетот што го скроија Заев и Ангеловска е расипнички и коруптивен

Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најголемиот, најрасипничкиот, најкоруптивниот и  најнеразвојниот буџет во историјата на независна Македонија. Удираат по џебот на граѓаните, собираат пари за луксузирање, а капиталните инвестиции им се помали и од најлошите години, обвини денеска Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта за 2020 година предвидува да потроши неверојатни 4 милијарди евра. Буџетот за идната година е поголем за 200 милиони евра од буџетот за оваа година, а сумата која се одвојува за капитални инвестиции и процентуално и номинално е помала од сумата која беше предвидена за оваа година. Наместо буџетот да придонесува за подобрување на квалитетот и продуктивноста на администрацијата, Заев и Ангеловска со овој буџет прават класичен поткуп за претстојните парламентарни избори, манипулирајќи ги граѓаните велејќи дека вложуваат во човечки капитал.

Исто така, слушаме нов поим во науката - инвестиции во човечките ресурси, во исплата на плати во државна администрација која не е намалена, туку уште се зголемува заради партиски цели, а овој буџет единствено треба да помогне во предизборниот период за потребите на СДСМ.

Ова не е ни приближно вложување во човечки капитал туку класичен пример за буџет кој што треба да служи за поткуп, уцени и корупција со гласачите“, рече Мицевски.

Според него, пред доаѓањето на власт ставката за капитални инвестиции изнесувала од 10 до 15% од буџетот, а сега минатогодишните 6,5% ги намалуваат на 5% од буџетот. Тоа, како што рече, е рамно на катастрофа.

„Додека парите за развој се намалуваат, се зголемуваат средствата во ставката стоки и услуги. Владата планира догодина да потроши 180 милиони евра повеќе на стоки и услуги, односно цели 835 милиони евра. Значи близу една милијарда евра фрлени низ ветер. Овие 835 милиони евра власта планира да ги потроши на тендери, привремени вработувања со цел изборен поткуп и исплата на патни трошоци.

Со новиот буџет нема средства за Чебрен и Галиште, ниту за ТЕЦ Неготино. Нема пари ниту за енергетски развој, ниту за нови проекти во секторот за користење на природен гас. Нема пари ниту за борба против загадениот воздух, а генерално на шкрги ќе дише Министерството за животна средина кое ќе добие под 1% од буџетот.

Оваа власт која дојде ветувајќи подобро образование, за идната година предвидува 17% помалку во буџетот за наука од оваа година. Значително се намалуваат и средствата за изградба на основни и средни училишта, како и за студентски домови. Екстра пари ќе нема ниту за здравството, а граѓаните и медицинскиот персонал нема да видат ништо ниту од нови, модерни и поскапи медицински апарати“, рече Мицевски, додавајќи дека овој буџет е расипнички и не води грижа за развојот на државата и идните генерации. 

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе