Прага ја реафирмира поддршката за Македонија

Метнар: Чешка не го поддржува ставот за историска позиција на Бугарија

„Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделуваме идеите за историската позиција на Бугарија. Ви посакувам што е можно побрз влез во ЕУ", изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Метнар ѝ понуди на Македонија помош базирана на слични искуства на Чешка за што побрз влез во ЕУ.

„Чешката Република го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да ѝ помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските аспекти, Чешка исто така имаше проблеми со тоа. Ние ја поддржуваме Северна Македонија, не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ. Затоа што членството во евроатлантските структури ќе обезбеди поширока безбедност на целиот регион", рече Метнар на новинарско прашање за можното одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на ЕУ интеграцијата.

Министерката за одбрана Шекеринска пак истакна дека отсуството на политичка влада со целосен капацитет во Бугарија е фактор, кој ќе влијае на процесите, но вели дека тоа не треба да влијае на нашиот ангажман за постигнување на целта.

„Ниту Европа, ниту регионот, ниту ние не можеме да чекаме сите избори да поминат. Ние мора да ја работиме нашата задача. Посетите на премиерот и владиниот тим, сите средби кои што ги правиме се за да акцентираме дека тоа што требаше да се сработи од наша страна е сработено, дека покажавме огромен капацитет да дискутираме со нашите соседи и да наоѓаме решенија кои се можни. Никој не може да се сомнева во нашата намера да создаваме добри меѓусоседски односи и ние тие аргументи ќе ги повторуваме секој ден и во секоја прилика. И се надеваме дека и Бугарија ќе биде подготвена час поскоро да се најде решение и да тргнеме напред", рече Шекеринска.

Таа нагласи дека државата своите аргументи ги споделува со НАТО-сојузниците, сметајќи дека треба да бидат слушнати и споделени и во тој контекст се заблагодари за чешката поддршка на состаноците во ЕУ.

Чешка и Словачка, кон крајот на минатата година ги блокираа заклучоците на Советот на ЕУ во однос на проширувањето на Западен Балкан, поради несогласувањето со текстот во нацртот кој се однесуваше на Северна Македонија со референцата за „погрешно толкување на историјата" и долгата форма на името на земјава, што беше побарано од Бугарија.

„Нема да дозволиме ЕУ да нѝ биде судија за заедничката историја", порачаа тогаш во заедничка изјава Словачка и Чешка. Двете земји сметаа дека текстот содржел елементи, како и перцепција за фалсификување на историјата, што би било штетно на процесот на проширување и потенцијално може да донесе дополнителни компликации на патот.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе