Честитки од Тирана

Мета и Рама: Со одлуката на македонскиот парламент се деблокира Албанија

Албанскиот пртседател Илир Мета го поздрави одобрувањето на францускиот предлог од страна на македонскиот парламент. како и улогата на партиите на Албанците, оценувајќи дека „тоа го отвора патот за почеток на преговори за членство во ЕУ и за Албанија". И премиерот Еди Рама реагира: „Заврши апсурдното заложништво на Албанија“.

„Го поздравувам гласањето за предлогот на Макрон во Собранието на Северна Македонија, кое го отвора патот за преговори за членство во ЕУ следната недела, за нашите две земји. Му честитам на албанскиот политички фактор, кој секогаш останува верен на европската ориентација, одлучувачки за мирот, безбедноста и меѓуетничкиот соживот“, напиша Мета во објава на „Фејсбук".

И покрај тоа што со оваа одлука се отвора патот за преговори на двете земји, шефот на албанската држава нагласува дека „албанските носители на одлуки сега мора добро да ги запознаат одговорностите што ги имаат во водење на политиките".

„Одлуката на Европскиот совет што ќе биде донесена за неколку дена треба да го просветли секој овдешен носител на одлуки за одговорностите што ги имаат во спроведувањето на политиките што ја прават Албанија поевропска, подемократска и понадежна“, порачува Мета.

Премиерот Еди Рама реагираше по гласањето во Собранието на Македонија:

„Конечно! Преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки! Собранието на Северна Македонија штотуку даде зелено светло за последниот француски предлог. Апсурдното заложништво на Албанија заврши“, напиша Рама на Фејсбук.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе