Претседателот на Албанија на средба со Тачи

Мета: Решавањето на прашањето за името е важно за Македонија и целиот регион

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета го пофали позитивниот пристап на Владата на Македонија кон сеопфатните реформи и важноста на придонесот на албанскиот политички фактор во овие витални процеси. Претседателот Мета ја истакна исклучителната важност на решавањето на прашањето на името, не само за Македонија, туку и за целиот регион, со цел таа да добие покана за членство во НАТО. 

Мета ја истакна важноста што ја има активното ангажирање и вклучување на Демократската партија на Албанците – ДПА, како и сиот албански политички фактор во Македонија во овој важен процес", се наведува во соопштението објавено од кабинетот на Претседателот на Република Албанија Мета, кој во текот на денешниов ден во Тирана имал средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

На таа средба, според соопштението, било дискутирано во врска со важноста на европското интегрирање на Албанија и во Македонија како и на регионот.

Претседателот на Албанија имаше работна средба со Мендух Тачи и на 21 ноември 2017 година, кога, како што имаше тогаш соопштено ДПА, тие двајцата разговарале околу актуелната политичка ситуација во земјата, за интегративните процеси, како и за улогата на Албанија во регионот.

Забележливи се блиските контакти и разговори, кои ги имаат Илир Мета и Мендух Тачи особено уште од 2015 година.

С.Т.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе