Незадоволство во Албанија

Мета: Карантинот за лицата кои влегуваат од Македонија и Грција е за да се спречи да гласаат на изборите

Албанскиот претседател Илир Мета ги повика Владата, Техничкиот комитет на експерти за справување со пандемијата и Централната изборна комисија под итно да ја укинат одлуката со која за сите лица кои влегуваат од Македонија и од Грција задолжителен е двонеделен карантин, објави МИА.

Мета, на прес-конференција оцени дека ова е сериозен неуставен акт за спречување на албанските емигранти да учествуваат на изборите.

„Спречувањето на албанските емигранти од Грција да гласаат е тежок, неуставен акт. Образложението за попречување на илјадници наши сонародници е лажен изговор, научно неоснована, апсурдна, политичка злоупотреба на состојбата со пандемијата од страна на партија на власт. Ова е срамна фарса. Тие не само што не се вклучуваат во гласањето таму каде што се, туку не им е ни дозволено да доаѓаат тука“, рече Мета.

Додавајќи ќе „овие можат сѐ“ обвини дека во официјалната статистика не се впишани околу 10.000 починати од вирусот.

„Упатувам итен апел до владата, изманипулираниот Комитет на експерти и ЦИК веднаш да ја укинат оваа забрана, што претставува флагрантно неуставно дејствие“, посочи Мета.

Барање за укинување на оваа одлука има и од здруженијата на албанските емигранти во Грција, кои испратија писмо до Мета, како и дел од опозициските политички партии во Албанија, кои сметаат дека одлуката е намерна „за да се спречи доаѓањето на емигрантите да гласаат на изборите на 25 април“.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција на Моника Круемади, одлуката ја обжали во Управниот суд. Итно укинување на одлуката побараа и лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, како и Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кои одлуката ја оценија како избрзана и погрешна.

„Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско – македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија“, стои меѓу другото во реакцијата.

Албанските емигранти кои живеат и работат во Грција, поради затворените гранични премини за да стигнат во Албанија, минуваат низ македонска територија и во матичната земја влегуваат главно преку преминот Ќафасан, кај Струга, поради што фекфенцијата на овој премин веќе подолг период е за неколкупати поголема.

Во помал процент фрекфенцијата е зголемена и на другите гранични премини на македонско – албанската граница, преку кои минуваат емигрантите од населените места во близина на премините.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе