Меркел: Жалам за Северна Македонија и Албанија, не постигнавме договор за преговори

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изрази жалење поради негативната одлука донесена од Самитот на Европската унија за започнување преговори за членство во ЕУ за  Северна Македонија и Албанија.

„Кога разговаравме за отворањето преговори, за жал, не можевме да постигнеме договор околу Албанија и Северна Македонија. Многу ми е жал за оваа одлука. Ставот на Германија беше да ги започне разговорите ако се исполнат одредени услови, но не постигнавме едногласност“, рече Меркел.

Таа додаде дека ќе продолжат да разговараат за ова прашање и се согласиле дека на него ќе се вратиме пред самитот во Загреб следната година.

На прашањето зошто Германија била против раздвојување на Албанија и Македонија, канцеларката Меркел рече дека немало многу држави што биле во прилог на одлуката.

„И двете земји направија големи чекори. Процесот на ветинг во Албанија трае веќе некое време, а Македонија направи значаен договор за промена на името. За нас би било попаметно да ги одржуваме државите заедно. Кога ја гледате мапата, сфаќате колку е важно овие земји да станат дел од Европската унија“, изјави Меркел.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе