Атина

Меркел: За разврската со Северна Македонија потребен е храбар пристап од Грција

За сите нас во Европа е добро да има важна разврска овде во однос на прашањето за Северна Македонија, но за тоа предуслов е храбриот пристап, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, јавува МИА од Атина.

„Ги констатираме храбрите напори од страна на Грција кон соседите на Западен Балкан, придонесот на Грција за да постои заеднички именител, конзистентност, и ова е поврзано со прашањето на Северна Македонија. Резултатот не е добар само за иднината на вашата соседна земја, туку, според моето мислење, добро е и за Грција и за сите нас во Европа да постои важна разврска овде, но за тоа предуслов е еден многу храбар пристап“, рекла Меркел.

Претседателот на Грција, Павлопулос, пак, во изјавите на почетокот од средбата со германската канцеларка воопшто не го споменал Договорот од Преспа, ниту пак говорел за т.н. грчки национални прашања.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе