Mеркел не очекува брз прием на Западен Балкан во ЕУ, ама ги пофали Заев и Ципрас

Германската канцеларка Ангела Меркел не очекува брз прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ, но потенцира дека регионот има европска перспектива.

Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел истакна дека земјите од овој регион треба уште многу пречки да надминат и многу услови да исполнат.

„Патот и натаму е полн со камења”, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

„Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија, Зоран Заев и на Грција, Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт. Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово”, истакна германската канцеларка.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за Западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе