Меркел: Името треба да се реши, но притисок во преговорите не е многу од корист

Проблемот со името треба да се реши, но мислам дека притисок во преговорите не е многу од корист. Впечаток е дека по подолго време, за првпат двете страни имаат интерес за решавање на ова прашање и тоа е добар предуслов, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран заев во Берлин. 

„Јавните изјави може да штетат и им верувам на двете страни дека ќе бидат внимателни.

Компромисите се секогаш болни и секоја страна треба да знае што може да даде. Тука треба да се најде патот до решение. Тоа е дипломатска уметност и не треба за тоа да се зборува на прес-конференции, туку зад затворени врати“, рече Меркел.  

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе