Дојче веле на македонски јазик

Меркел: Имаме одговорност кон Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел пред Европскиот совет што се одржува денеска и утре призна дека шансите за постигнување едногласна согласност за давање датум за почеток на преговори со Македонија и Албанија не се добри, јави Дојче веле на македонски јазик.

„Ние имаме одговорност кон овие држави. Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, изјавила Меркел во Бундестагот.

Според германската канцеларка, во меѓувреме се изградени мостови кон  ЕУ-партнерите , кои сѐ уште имаат задршки кон почетокот на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија и инсистираат на  поголема транспарентност на процесот на проширување.

Германија, како што изјавила Меркел, чувствува посебна приврзаност кон земјите од Западен Балкан и сака да ги приклучи кон ЕУ, а приемот на земјите од Балкан е во интерес на Германија и на самата ЕУ.

„Мораме да опстоиме на дадените ветувања кон овие земји, зашто тоа ќе значи и обезбедување стабилност и благосостојба на самата ЕУ“, вели таа.

 

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе