Софија

Меркел: Има значителен напредок во преговорите за името

Германската канцеларка Ангела Меркел на завршната конференција за медиумите по завршувањето на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, потврди дека Македонија и Грција постигнале напредок во решавањето на името и за тоа добила потврда од двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Разговорите меѓу Македонија и Грција напредуваа добро и направен е значителен напредок. Прашањето за името за Македонија е важно“, изјави Меркел.

Во врска со одлуките за проиширување на ЕУ, таа рече дека денеска немало одлука и дека тоа прашање се останува за европскиот самит во јуни, но додава дека сите земји од Западен Балкан имаат европска перспектива. „Нема датум за проширување. Но секако бараме владеење на правото и борба против корупција, а потребен е и суштински напредок кај земјите“, рече Меркел.

На прашањето дали Германија во јуни ќе поддржи почеток на преговори со Албанија и Македонија, Меркел рече: Македонија и Албанија секој ден напредуваат во исполнување на условите, особено тоа е случај со Македонија околу името.

Од Софија за МКД.мк

Жана П. Божиновска

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе